АктуелноВидеаВидеоНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Вака изгледа „еколошки заштитен“ паркинг во Охрид

До кога во општина Охрид ќе стојат блокирани важни инветиции и проекти од страна на Владината УНЕСКО Комисија, а јавноста ќе робува на лажни екологисти ?

Паркингот кој е на видеото се наоѓа покрај патеката Студенчишта и со години е „заштитен“ од локалните постоечки екологисти и фантомски еколошки фејсбук страни кои со години го „штитат“ Охрид од се и сешто.

На овој паркинг скоро и да нема човек од Охрид кој некогаш не го оставил својот автомобил, а тука паркирале и илјадници туристи кои доаѓаат во најголемиот туристички центар на Македонија.

Паркингот нема асфалт, не смее ни да се поплочи со бехатон, едноставно тој е заштитен и „природен“ со кал и вирови со вода.

Владината УНЕСКО Комисија ја држи општината Охрид парализирана кога се во прашање повеќе круцијални проекти за градот. Така Комислијата при Владата,  го штити и плоштадот „Крушевска Република“ кој не смее да се реконструира и на него мора да стојат избледените и искршени розеви бекатон коцки ставени пред 20 години, а зпод „заштита“ од владината УНЕСКО Комисија е и паркингот кај пазарот за каде ова владино тело на Локалната самоуправа од Охрид не и дозволува градба на катна гаража, а просторот денес личи на некое село во Бангладеш.

И додека кај нас Владата го „штити“ Охрид од развој и просперитет, во светот се инвестира, се градат жичари, објекти и се инвестира во просперитет и благосостојба.

Најблиску пример за инвестиции е Поградец во Албанија, каде езерото е заштитено од УНЕСКО, а инвестициите цветаат на сите страни.

Повеќе вести на тема Владина  политика кон Охрид прочитајте во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ