АктуелноВидеаВидеоМагазинНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Истанбул и УНЕСКО – историјата ставена во погон на модерниот туризам

Продолжуваме со нашите репортажи на темата УНЕСКО и како во светот секаде каде УНЕСКО ставил одредени градови на списокот на светско културно наслество е дозволено сетоа она што во Охрид не е дозволено ( или ние мислиме дека не е дозволено )

Светското наследство во Истанбул е распослано на површина од неколку стотини километри квадратни, или под заштита спаѓа областа на стариот Константинопол, просторот околу каналот „Златен Рог“ и областа околу кулата Галата на другата страна од овој канал.

Турција максимално го има комерцијализирано целото наследство кое привлекува 16 милиони туристи годишно, кои оставаат милијарди долари во овој град, во кој на просторот кој погоре го спомнавме речиси и да нема зграда која не е хотел.

Од милијардите кои се влеваат во градската економија работат локалните бизниси, но пред се од тие пари се санира, чува и одржува токму историското наследство, со што е направен нераскинлив спој на туризмот и заштитата на историските објекти, или просто кажано туризмот го финансира нивното чување од уништување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ