АктуелноОхрид

(ФОТО) Внимателно возете кон Враништа, на делови се отстранува стариот асфалт за да се постави нов

Деновиве започна со постапка за замена на стариот и оштетен асфалт од регионалниот патен правец Струга-Девар, со нов.

Поточно на потегот од Мороишки мост до Враништа, оштетениот асфалт на кој беа пројавени дупки и пукнатини започна да се отстранува, а во текот на следните денови најверојатно ќе биде поставен нов.