АктуелноМакедонијаНаш изборНаш ИзборОхрид

Зошто Владината УНЕСКО комисија ја блокира градба на катна гаража во Охрид ? !

Нема почеток на градбата на катната гаража во Охрид, бидејќи „Националната комосија за УНЕСКО“ при владата на Македонија во Скопје не дава согласност за градба на овој капитален и од лето во лето за Охрид се повеќе насушно потребен објект. Објектот треба да се гради на паркингот до „Земјоделска задруга Горица“, кој сега претставува паркинг, со ископан асфалт и дупки и депо за контејнери. На просторот нема зеленило и нема дрва. И додека оваа грда слика со години стои „заштитена“ во центарот на Охрид, владината УНЕСКО комисија стои нема и не одговара пред охридската и македонската јавност, што е тоа што се штити на паркингот до земјоделската задруга ? Во меѓувреме по социјалните мрежи и низ градот Охриѓани се повеќе гласно се прашуваат : Дали комисијата нешто штити, или согласно трендовите во земјава кои станаа секојдневие и овде станува збор за некаков обид за рекет или политичка одлука да се блокира Охрид.

И ова лето Охрид тонеше во сообраќаен хаос, а туристите нерви кинеа додека најдат паркинг за своите автомобили. Центарот на градот во јули и август беше преполн, паркинг се бараше со часови, а проблем да им обезбедат паркинг имаат и издавачите на станови и оние кои изнајмуваат соби и апартмани во строгиот центар и старото градско јадро.

Туризмот во оваа година се врати на ниво поголемо од 2019, што значи дека се рушеле рекорди на посетеност, а секако се уривале и рекорди на барање слободно паркинг место во градот кој беше преполн.

Со децении во Охрид се зборува за градба на катна гаража, и конечно се дојде до готов проект, обезбедени средства за инвестирање и локација која е идеална за ваков објект и која ќе ги реши маките со паркирањето, но од градба на катна гаража засега нема ништо бидејќи таа стои заглавена во бесконечните процедури на владината УНЕСКО комисија која постојано бара корекции и преправки на проектот.

Најпрво комисијата побарала да се измени проектот и приземјето да не располага со деловни простории, а зошто сега проектот стои заглавен во комисиските фиоки во Скопје, одговор нема никој, па дури ни самата комисија од каде не одговараат на нашите прашања поврзани со оваа и со други горливи теми поврзани со нивната работа.

КАДЕ Е И ШТО ИМА НА ЛОКАЦИЈАТА КАДЕ ТРЕБА ДА СЕ ГРАДИ ГАРАЖАТА

Локацијата е на улицата Абас Емин во центарот на Охрид, покрај објектите на „Земјоделската задруга Горица“ и една станбена зграда изградена по 2000 година. Околу просторот каде треба да се гради катната гаража не постои ниту еден стар објект бидејќи нај стар објект е земјоделската задруга, која нема никаква архитектонска или споменична вредност, и народски кажано, објектот на задругата не личи на ништо.

На самата локација каде треба да се гради , денес има паркинг. Паркингот е ограден со метална ограда , асфалтот на паркингот е ископан, просторот е со дупки, а на еден дел се поставени контејнери. Оваа парцела иако е во нај строгиот центар на Охрид , заради бескрајните процеси во владината УНЕСКО комисија стои во ваква состојба, и е едно од нај грдите места во Охрид.

ЈАВНОСТА И ГРАЃАНИТЕ НА ОХРИД НАГАЃААТ ЗОШТО МУ СЕ ПРАВИ ОВА НА ГРАДОТ

И додека владината УНЕСКО комисија бескрајно го води процесот околу катната гаража, граѓаните на Охрид се повеќе јавно поставуваат одредени прашања на кои никој не дава ( и веројатно не може да даде одговор ), а прашањата се движат од шпекулирање за тоа дали некој во комисијата сака да рекетира и да зема пари за да се согласи, па се до тоа дека комисијата работи по политички диктат и целта е Охрид да стои блокиран во инвестициите и блокиран во сообраќајот.

Секако може да има и други причини, како мрзливост и не работење, но која и да е причината, во отсуство и избегнување да се дадат официјални одговори, јавноста може само да продолжи да шпекулира.

ПОВРЗАНА ВЕСТ Владината УНЕСКО комисија го штити бекатонот на плоштадот кај чинарот ?!

Извор :Охрид1