АктуелноВидеаВидеоМагазинМакедонијаНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО/ФОТО) Албанија гради платформи, пешачки патеки, тобогани во езеро, и никој не го доведува УНЕСКО статусот во прашање

Ако погледнеме што се има изградено и што се гради во моментов во самото Охридско Езеро во Албанија, и таа држава нема никаков проблем со статусот на нејзиниот дел на езерото во УНЕСКО, тогаш навистина треба да се прашаме : Во што е проблемот кај нас кои 10 години блокираме и одлагаме проекти и инвестиции, и повторно сме под закана да го изгубиме статусот езеро под заштита на УНЕСКО ?

Деновиве заврши конференцијата на УНЕСКО во Ријад, Саудиска Арабија, а како пред секога ваква конференција екологистите и дел од медиумите ( попрецизно многу помал дел од порано ) објавуваа соопштенија и тврдења со кои во јавноста се отвораше прашањето: Дали Охрид и Охридското Езеро ќе го задржат статусот град под заштита на УНЕСКО ?

И како и секогаш што се прави последниве 7 години, од како заврши конференцијата властите од Скопје излегоа со соопштение во кое објавија дека со големи напори успеале да ги „спасат“ Охрид и Охридското Езеро и дека остануваме на листата на УНЕСКО.

Оваа година во соопштението објавено од страна на властите се спомна и Албанија, за која рекоа дека со заеднички напори со албанската страна сме го сочувале статусот на природна реткост под заштита на УНЕСКО на Охридското Езеро.

Ова тврдење на Владата во Скопје , за заедничките напори со Албанија отвора повеќе дилеми, па дури и сомнежи дали Охрид и Охридско Езеро воопшто некогаш биле во опасност да бидат бришени од списокот на заштита на УНЕСКО или некој само манипулира со јавноста на оваа тема бидејќи токму ситуацијата во Албанија говори нешто друго, па ајде да видиме какви се состојбите во самите води на езерото ,  што се гради на Галичица, и каква инфраструктура има таму каде никој не го доведува во прашање УНЕСКО статусот на албанската страна од езерото.

ВО АЛБАНИЈА НИКОЈ ДО СЕГА НЕ СПОМНАЛ ДЕКА Е ДОВЕДЕН ВО ПРАШАЊЕ УНЕСКО СТАТУСОТ НА НИВНИОТ ДЕЛ ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

Инаку јавноста во Албанија никогаш не ни зборувала дека е доведен во прашање УНЕСКО статусот на делот на Охридско Езеро кој е во оваа држава.

Платфромата на сликата по слободна проценка е поголема од пристаништето во Охрид. Само оваа платформа веројатно е поголема од сите платфроми кои се урнаа во Охрид, а во моментов изградени се две вакви платфроми и две се во градба.
Платфромата на сликата по слободна проценка е поголема од пристаништето во Охрид. Само оваа платформа поединечно ,  веројатно е поголема од сите платфроми кои се урнаа во Охрид, а во моментов изградени се две вакви платфроми и две се во градба.

Во Албанија во моментов се изградени две големи платформи, во самото езеро. Секоја платформа е со површина поголема од старото пристанитше во Охрид, и од сегашното пристаниште на кое едвај стојат настегани еден до друг бродовите.

Покрај овие две платформи кои се веќе изградени, во моментов се градат уште две платформи во езерото, но тоа не е се.  Се гради пешачка патека која поминува покрај брегот , во самото езеро, за што веќе се поставуваат столбови во водата, а трасата по која ќе се изгради оваа „промената“ во самото езеро веќе е видлива и можете да ја видите на фотографијата подолу:

Ваква пешачка патека во Охрид најави Владата во 2013 година, но тогаш опозицијата и „екологистите“ заедно со дел од медиумите застанаа против бидејќи тоа ќе го уништело езерото. 10 години подоцна, таква патека се гради во Албанија и нема никакви проблеми да остане во УНЕСКО.
Ваква пешачка патека во Охрид најави Владата во 2013 година, но тогаш опозицијата и „екологистите“ заедно со дел од медиумите застанаа против бидејќи тоа ќе го уништело езерото. 10 години подоцна, таква патека се гради во Албанија и нема никакви проблеми да остане во УНЕСКО.

Но , тоа не е се. Ако погледнете на планината над езерото ќе забележите дека тука се гради нов пат, кој е проширен, одлично уреден, со широк коловоз, но и со тротоари и велосипедски патеки кои се веќе изградени и почнуваат од самиот граничен премин кај Свети Наум, и ќе стигнуваат до Тушемиште, каде потоа велосипедистите и пешаците ќе се насочуваат на патеката која се гради во езерото, , камионите и автобусите ќе се насочуваат на обиколницата кај Тушемиште ( која е во градба и се пробива планината Галичица ) , а автомобилите ќе може да изберат дали ќе одат преку селото Тушемиште или по обиколницата.

Визурите на Галичица од Св. Наум до Тушемиште. Албанија избројала иладници странци кои со велосипеди ја минуваат границата, па патот се прошири и со велосипедски патеки во два правци.
Визурите на Галичица од Св. Наум до Тушемиште. Албанија избројала иладници странци кои со велосипеди ја минуваат границата, па патот се прошири и со велосипедски патеки во два правци. А каков е патот од Охрид до Свети Наум и колку воопшто е безбедно по него било кој ( а најмалку туристи ) да се движат со велосипеди ? !

Ова ќе го намали сообраќајот со камиони и автобуси на езерскиот брег, па сега би било логично да се прашаме : Дали овде во Албанија не се нарушуваат „визурите“ на Галичица и дали е подобро да се ископа планината за да нема камиони и автобуси на патот кој е до самото езеро ? ? ?

Иницијатива за градба на исто вакво сообраќајно решение имаше и во Охрид, од Владата во 2015 година, но таа беше дочекана на нож од екологистите и нивните Фејсбук СОС страни, како и од тогашните експоненти на СДСМ во Охрид.

Денес 8 години потоа Албанија финишира со своите инвестиции , го завршува со градба овој пат, Галичица кај нив е ископана, патеката се гради во езерото, платформите ко исе градат се поголеми од пристаништата во Македонија, и НИКОЈ не го доведува во прашање УНЕСКО статусот на Охридско Езеро во делот на Албанија.

ВО ПОГРАДЕЦ ИМА И ТОБОГАНИ ВО ЕЗЕРОТО

На пристаништето во Поградец поставени се то богани за забава. Иако ова е непотребно и никој во Охрид не би се согласил со вакво ншето, сепак можеме да се прашаме : Како овој тобоган не прави проблеми на УНЕСКО статусот на езерото во Албанија ?
На пристаништето во Поградец поставени се то богани за забава. Иако ова е непотребно и никој во Охрид не би се согласил со вакво ншето, сепак можеме да се прашаме : Како овој тобоган не прави проблеми на УНЕСКО статусот на езерото во Албанија ?

И за крај би прашале:

Има ли некаде документ кој би бил покажан на јавноста, за да видиме дека на конференцијата во Ријад се дискутирало дали Охрид и македонскиот дел од Охридско Езеро ќе го задржат статусот на културно и природно богатство под заштита на УНЕСКО ?

Дали може некој официјално да ни даде таков документ или барем слика од дневниот ред на конференцијата во која стои дека се расправа по ваква точка ?

Ние како медиум не тврдиме дека не се расправало, само цениме дека е добро јавноста тоа да го види !

ВИДЕО МАТЕРИЈАЛ СНИМЕН ВО ПОГРАДЕЦ ВЧЕРА НА 16 СЕПТЕМВРИ, ДЕН ПО КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА УНЕСКО ВО РИЈАД – САУДИСКА АРАБИЈА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владината УНЕСКО комисија го штити бекатонот на плоштадот кај чинарот ?!

Зошто Владината УНЕСКО комисија ја блокира градба на катна гаража во Охрид ? !