АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

МОЛК во СДСМ за катната гаража, пристаништето, плажите, патот до Св. Наум …

Општинската организација на СДСМ во Охрид во јавноста повеќе години не изнесува став околу проблемите во кои полека од 2015 година почна да тоне Охрид, а кои се предизвикани од активната пропаганда која ја водеа Фејсбу кстрани на непостоечки невладини организации, потоа постоечки невладини организации , јавни личности и функционери на партијата СДСМ кои почнаа со активно во медиуми платени за таа намена пласираа ставови во јавноста во 2014 година, со кои се креираше став дека градот Охрид е пред бришење од списокот на УНЕСКО, дека езерото е загадено, и буквално се креира една клима дека Охрид е пред уништување и пред своевидна катастрофа.
Но, последниве години од како партијата доживува пораз по пораз на избори, а во локалната организација се сменаа неколку раководства, од СДСМ Охрид молк. Во јавноста ретко се појавуваат, а за горливите проблеми на Охрид, креирани во лудилото на т.н. шарена револуција и т.н. еколошки активисти кои креваа паника на секое скршено гранче од дрво , денес СДСМ Охрид одбива да коментира.
Портпаролот на партијата во Охрид Јован Крлев иако вети дека одговорите на  прашањата на оваа тема ќе ни ги достави до крајот на оваа седмица, тоа не се случи и одговори јавноста во Охрид не доби на следните прашања:
ПРАШАЊА ИСПРАТЕНИ ДО СДСМ ОХРИД
1 Каков став има денес СДСМ за градбата на објектите на Плаошник ?
2 Каков став има СДСМ за идејата да се изгради жичница до врвовите на Галичица ?
3 Каков став има СДСМ во врска со концесионирањето на плажите ?
4 Каков став има СДСМ околу проектите за проширување на пристаништето во Охрид кои се стари 20 години, но не се реализирани ? ( за да нема забуни прашањето е за пристаништето кај плоштадот, а не се однесува на старото пристаниште пред Палас )
5 Каков став има СДСМ околу градбата на катна гаража на локацијата кај сегашниот паркинг до градскиот пазар ?
6 Кој е ставот на СДСМ за можноста да се изгради експресен пат од Охрид до Свети Наум ( да појаснам, тоа е сосема друг пат, во планината, кој би бил пофункционален од сегашниот на кој секое лето гинат по неколку граѓани и туристи )
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владината УНЕСКО комисија го штити бекатонот на плоштадот кај чинарот ?!

Зошто Владината УНЕСКО комисија ја блокира градба на катна гаража во Охрид ? !