ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (26) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На улицата .„Ѓуро Салај“ во Струга, полициските службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана по што, го лишиле од слобода.


















