Во средата во просториите на М.Т.Т.Ф беа доделени првите два мајсторски црни појаси шестти дан, сертификатите се испратени од страна на ИТФ (Интернационална Таеквон-до Федерација) со седиште во Виена од Австрија ,и заверени од страна на претседателот Гранд Мастер Ри Јонг Сон црн појас деветти дан.

По покана на Бугарската ИТФ Таеквон-до Федерација, претседателот на М.Т.Т.Ф Марјанчо Лазаревски и почесниот претседател Саша Поповски (основачот на Таеквон-до ИТФ во Македонија ) учествуваа на семинарот кој беше одржан во Софија од 10-12 јули 2026 , каде имаше и полагање за мајсторски појаси во комисија на Гранд Мастер Марио Богданов црн појас деветти дан и Мастер Вергилиј Ситнилски црн појас осми дан.

Учеството на семинарот беше субвенционирано од страна на Општина Охрид за усовршување на тренери. Покрај мајсторските појаси , Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација го доби и првиот почесен црн појас први дан , ИТФ го награди потпретседателот Зоран Парулески за неговата напорна работа и заслуги во нашиот спорт.

М.Т.Т.Ф користи прилика да се заблагодари на Генералниот спонзор ПН МЕТАЛ, Општината Охрид и Министерството за спорт, и го најавува учеството на натпреварот до 16 години на Перник Опен , Бугарија овај викенд.



















