АктуелноВидеаВидеоНаш ИзборНаш избор

(ВИДЕО) Еди Рама во обиколка на објектите кои се градат во Охридско Езеро и во изворите кај Тушемиште

Додека премиерот Ковачески плаќа пари на ФБ за да зборува во видео дека со Албанија БИЛАТЕРАЛНО и КООРДИНИРАНО сме го штителе езерото, Еди Рама во Поградец по план и проект инвестира милиони во платформи во самото езеро, а во Струга брегот како плен е узурпиран. И за сето тоа време во Охрид не смее да се гради катна гаража, да се чепне бекатонот кај Чинарот, и да се реконструира кејот.

Премиерот на соседна Албанија Еди Рама утрово е во посета на Поградец каде врши обиколка на мега проектите кои се финансирани од влатата на Албанија, а кои се однесуваат на развојот на туризмот во овој крај езерски град.

На албанската страна од Охридско Езеро која исто така е заштитена од УНЕСКО, во моментов се градат повеќе платформи кои се во самото езеро, на нив се градат објекти кои според проектот ќе бидат угостителски објекти, а голема реконструкција има и во изворите Дрилон кај Тушемиште, каде целосно се преуредува просторот и се прилагодува за раст на туристичкиот бизнис.

Сето ова се случува додека во Охрид не смее да се постави клима уред на куќа во старито град, не смее да се постави сончев колектор, а екологистите од 2015 година станаа главна алатка и инструмент за градење политички кариери на поедини кадри и се претворија во главно мерило што смее , а што не смее, без притоа да се има предвид дали тие луѓе кои се претсставуваат како екологисти воопшто имаа поим и знаат за што се бунат и што бараат да се случи со Охрид ?

Оваа посета на Еди Рама во обиколка на инвестициите од кои корист ќе има економијата на општината Поградец доаѓа на три дена од како премиерот на Македонија Димтиар Ковачески објави платено видео на Фејсбук во кое тврди дека политиките за заштита на Охридско Езеро се БИЛАТЕРАЛНИ и координирани, на што охриѓани одговорија дека политиките за кои тој зборува се спроведуваат само во Општина Охрид, додека во Струга брегот на диво е заземен од поедини структури, додека во Албанија, Владата на Еди Рама води планска развојна политика.

Погледнете ја обиколката на Еди Рама на Поградец и што се таму се гради:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ