петок, ноември 15, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

ОО СДСМ Зошто улицата ,,7-ми Ноември сега пак се санира? Зошто по втор пат?

“Улицата ,,7-ми Ноември” моментално e улица најнебезбедна за возила и за пешаци” – се коментарите од охриѓани по медиумите и социјалните мрежи.

Локалната самоуправа предводена од ДПМНЕ на чело со Кирил Пецаков деновиве одбележува 2 години од запоседнување на Охрид.
Тимот кој раководи со градот 2 години е ,,за некого мајка за некого макеа”.

Но, за тоа потоа, се вели во соопштението од ОО СДСМ.
Во продолжение истото го пренесуваме во целост:

Улицата 7-ми Ноември повторно раскопана. Не е прв пат да се санира коловозот, туку Градоначалникот Пецаков дал налог за работа на улицата и во јуни 2022 година.

Зошто истата улица сега пак се санира? Зошто по втор пат? Некоја друга ,,математика” е или во недостиг на реални проекти и инфраструктурни активности, реши Локалната пак наново да ги прекопува улиците?

Прекопувањето на улицата, оставените градежни материјали, паркираните машини за работа може за жал да доведат до немили настани.
Улицата е ужас за народот.

Сопствените замисли и хирови, ако веќе мора и по втор пат, да ги реализира Локалната без реперкусии врз безбедноста на населението.

извор: оо СДСМ