петок, ноември 22, 2024
МагазинНаш ИзборНаш избор

Охриѓанецот Петар Маркоски е најследениот Македонец на Instagram

Охриѓанецот Петар Маркоски е момчето кое благодарение на својот шарм и виртуозноста на виолина на својот Instagram профил брои два милиони следбеници.

Можеби ќе се сетите на неговите настапи од времето на „М2 Потрага по ѕвезди“, а можеби пак го препознавате токму по неговите волшебни видеа на Instagram, пишува zenskimagazin.mk.

Ако најголемите балкански ѕвезди Здравко Чолиќ кој има 108 илјади следбеници, Дино Мерлин кој има 282 илјади следбеници, Цеца која има 1.1 милион следбеници, Северина која има 1.4 милиони следбеници, Жељко Јоксимовиќ кој има 145 илјади следбеници, Лепа Брена која има 464 илјади следбеници – нашиот Петар има точно 2 милиони следбеници на Instagram. Уште малку ќе ја стигне и најследената позната личност на Балканот – Јелена Карлеуша која има 2.4 милиони следбеници, а со ваква експанзија веруваме дека ќе стигне и до бројките на најпознатиот хрватски виолончелист Стјепан Хаусер кој прави слични видеа и има 4 милиони следбеници на Instagram.

Петар е заљубен во виолината, но и во неговата сопруга Марија за која вели дека му е неизмерна поддршка во секој дел од животот.

За музиката, за успесите, за љубовта, како и за идните планови, прочитајте повеќе во интервјуто за Женски Магазин.

извор: zenskimagazin.mk

фото: zenskimagazin.mk

 

Поврзани вести:

(ВИДЕО) Петар Маркоски: Уметниците и спортистите се најдобрите промотори на својата држава, ја имам таа привилегија во Охрид да црпам непресушна енергија и инспирација

(ВИДЕО) Петар Маркоски, охриѓанец со светска слава, најновото видео „I WILL SURVIVE“, со Бенедета Карета

Петар Маркоски , охриѓанецот кој е вголем вљубеник во виолината

https://ohrid1.com/archives/91958