АктуелноВидеаВидеоМагазин

(ВИДЕО) Петар Маркоски, охриѓанец со светска слава, најновото видео „I WILL SURVIVE“, со Бенедета Карета

Македонија има свој заводник на виолина, како светски познатиот Хрват Стјепан Хаусер од 2 Cellos.  Нашиот Петар е шармантен, талентиран и со неодолива насмевка. Од гондола во Венеција до катамаран во Охрид, тој изведува светски музички дела секогаш и секаде, а неговите видеа се хит на Инстаграм.Петар Маркоски е дечко од Охрид, вљубеник во музиката, кој со себе секогаш и секаде ја носи својата виолина. Снима забавни видеа на разни локации додека свири познати музички дела и неговите видеа се хит на Инстаграм.

Најновото видео од Петар е објавено вчера. На наше огромно задоволство охридскиот заводник на виолина е во друштво на Бенедета Карета.

Стану збор за мистериозната и провокативна „сињорита“, чиј глас го слушна целиот свет, но немаше можност да ја види нејзината убавина. Бенедета Карета е негогаш мистериозната и провокативна „сињорита“.Преубавата италјанка има 26 години, беше дел од “Глас на Италија”, а има повеќе од милион следбеници на Инстаграм.

Убавата Италијанка е позната по тоа што во видеата со поранешниот свршеник на пејачката Јелена Розга, Стјепан Хаусер, објавува само дел од своето лице.

 

Петар Маркоски познат како детето со виолината. За прв пат со виолината се среќава на 7 годишна воздраст кога го запишале во основното музичко училиште „Методи Патче“, Охрид, на инструмент – виолина. Во текот на школувањето Петар се здобива со 5 награди на државно ниво во категорија соло, дует и трио виолина.

Детето со виолина – порасна, се школуваше, се вработи, но, виолината не ја остави. Маркоски е Охриѓанецот кој остана забележан како детето од хорот во гимназија, но и по својата група и М2 „Потрага по ѕвезда“ кога достојно го издигна Охрид, и покажа дека имаме таленти кои се носат рамо до рамо со светските ѕвезди. Маркоски ги сака домашните и странски евергрини. На својот YOU TUBE канал истите ги изведува при тоа за секоја нумера презентирајќи ново катче специфично за Охрид.

Интервјуто со Петар Маркоски за Охрид 1, читајте го на овој линк …