понеделник, ноември 25, 2024
Наш ИзборОхрид

Петар Маркоски , охриѓанецот кој е вголем вљубеник во виолината

И Македонија има свој заводник на виолина, како светски познатиот Хрват Стјепан Хаусер од 2 Cellos. Нашиот Петар е шармантен, талентиран и со неодолива насмевка. Од гондола во Венеција до катамаран во Охрид, тој изведува светски музички дела секогаш и секаде, а неговите видеа се хит на Инстаграм.

Петар Маркоски е дечко од Охрид, вљубеник во музиката, кој со себе секогаш и секаде ја носи својата виолина.

Снима забавни видеа на разни локации додека свири познати музички дела и неговите видеа се хит на Инстаграм. Се разбира, омилена локација за снимање му е покрај прекрасното Охридско Езеро.

Има илјадници следбеници и со право можеме да го наречеме македонскиот Стјепан Хаусер, хрватскиот заводник и некогашен член на 2 Cellos, кој е познат по забавните видеа со своето виолончело на разни светски дестинации.

Повеќе на : crnobelo.com