АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Бурни реакции и повик на бунт на жителите од Стар Град Охрид по итните мерки на Владата

Ohrid1.com  утрово доби голем број пораки од жители на Стар Град Охрид реагираат дека се шокирани од последното соопштение на Владата во кое јавноста се информира за како што стои итните мерки кои треба да се превземат во поглед на заштита на културното и природното наследство на Охрид и езерото.

Првите информации кои стигнаа до нас се, дека жителите на овој дел од градот неможат повеќе да трпат вакви притисоци кои ги сметаат за бесмислени и најавуваат протести пред објектот каде е сместен  „Завод и Музеј на Град Охрид“ , затворање на Горна Порта и ред други начини на граѓански отпор против овие владини препораки, за што преку месната заедница ќе се огласат наскоро и јавно.

Жителите во дописите кои ги примивме утрово прашуваат како може во Албанија да се гради во езерото, а во Охрид да не смее да се постави клима уред или сончев колектор ?

Секако традиционално има и граѓани кои реагираат со малку оголема нервоза.

„ Ќе ја затвориме Горна Порта, и нема да може да влегуваат во Стар Град ни туристи, ама ни делегации што ги возат со лимузини. Дали има некој ум што ни прават нас. Кај да ојме ние да живејме ? На Марс ? Абе дали има некој нормален, не смеело клима уред, не смеело дограма, не смеело бојлер за вода. Каде да одиме ево нека дојдат и нека ни кажат, каде одиме, каде да се давиме… “ – телефонски изјави жител на Стар Град кој не контактира по телефон и додаде:

„ Ако не комисијата во Скопје нека дајт предлог во пештери да не вратит ? Да ни облечит по едни гашти или крпи партали, и така да живејме ние, без вода, без струја, да не загадуваме, нека не вратат во камено доба и така да живејме заштитени под УНЕСКО ! “ – додава тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ