СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (47), лице на (22) и лице на (25), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
На 23.08.2026 во охридското село Пештани, пријавените физички го нападнале лице , кој во раце го држел неговото малолетно дете, кое во нападот се здобило со телесни повреди.
По брза интервенција на полициските службеници, напаѓачите биле пронајдени и лишени од слобода.


















