Секоја година во периодот од 14 до 21 септември Црвениот крст ја одбележува Неделата на борба против туберкулоза.
???? Со таа цел, на ден 21.09.2023 бше организирана едукација со др. Кристина С. Алоска под мотото “Да! Можеме да ставиме крај на ТБ” заедно со волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид.
✅Целта на предавањето беше да се споделат основните информации за оваа болест, симптомите, превенцијата и начините на лекување и да се подигне јавната свест за важноста на општото здравје, социјалното и економско влијание на туберколозата како и мерки за ставање крај на глобалната епидемија на оваа болест.
???????? Туберкулозата е болест што ја предизвикува инфекција со бактеријата Mycobacterium tuberculosis.
???? Зошто треба да знаеме за оваа болест?
???? Со оваа бактерија може да се зарази секој и секаде. Можеби не го познавате лице што има туберкулоза, а сте биле во контакт, бидејќи со сите случаи на туберкулоза се постапува во доверливост ????♂️????♀️.
❗Доколку се сомневате дека сте заболени со инфекцијата или дека сте биле во контакт со заболено лице посетете го вашиот доктор. Никој од наведените симптоми не наведува стриктно на позитивност кон болеста! ❗
Цевен крст Охрид