АктуелноОхрид

Кривична пријава за лице од Велешта поради узурпација и загрозување на животната средина

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 53-годишно лице  од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на животната средина и природата“ и „узурпација“.

– На 12-ти август 2022 година, пријавениот вршел рамнење на земја на парцела покриена со трска, сопственост на државата, која е прогласена за споменик на природата, под мониторинг на УНЕСКО, информираат од МВР.