АктуелноОхрид

Почина Миле Трпеновски, големиот хуманист и долгогодишен секретар на Црвен крст Охрид

Со неизмерна тага, информираме дека на 90 годишна возраст, во Охрид почина Миле Трпеновски, големиот хуманист, долгогодишен секретар и доаен во Црвен крст Охрид, Црвен крст на Македонија и воопшто во хуманото движење на Црвен крст и Црвена полумесечина.

 

Неговиот хуман лик и активност остава силен мотивирачки белег кај многу генерации хуманисти, волонтери и членови на Црвениот крст. Неговиот хуман однос во заедницата е пример за сите популации и поттик за градење на позитивни односи. Високиот морален и хуман чин го изразуваше кон своето семејство со постојана родителска грижа.

 

Трпеновски, создаде и остави документирани пишани трагови за хуманоста, особено во делото „Впечатоци за хуманоста“.

 

Погребот и поменот за Миле Трпеновски ќе се изврши на гробиштата во Охрид, на 26 ноември 2026 година, во 12,00 часот.

 

Со должна последна почит,

Црвен крст Охрид

25.11.2026 година