АктуелноОхрид

Две години од упокојувањето на митрополитот Тимотеј

На 25 ноември, во денот кога го празнуваме споменот на св. Јован Милостив и преп. Нил Постник и во денот кога се навршуваат две години од упокојувањето на блаженоупокоениот митрополит Тимотеј, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, беше отслужена света заупокоена архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

По завршувањето на светата Литургија, на гробот од митрополитот Тимотеј, беше отслужен парастос во негов спомен.