АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Втора самостојна изложба на младата Нина Ангелоска во рамките на Свети Климентовите свечености

Синоќа во просториите на охридската Гимназија се одржа втората самостојна изложба од младата Нина Ангелоска, каде беа изложени фотографии од Охрид. Изложбата  е насловена „Охридски регион, универзален, духовен  и природен раскош“ а  посветена на Др. Драган Спасески.

Промотор на изложбата беше Смиле Нумоски Брсјак, кој помеѓу другото ги истакна заложбите и внесениот труд на оваа млада фотографка, а свое обраќање имаше и секретарот на општината Александар Китески.