четврток, март 28, 2024
Top NewsАктуелноглавни-вестиИздвојувамеНаш изборНаш ИзборОхридПоследни ВестиРепублика

УАПСЕНИ мајка и ќерка од Кореа кои напаѓале луѓе во Охрид

Вистиснка драма се случувала вчера на улицата Партизанска во Охрид, во близина на православната црква Свети Никола, каде две жени од Јужна Кореа агресивно се однесувале кон минувачите, довикувале по луѓето кои се движеле по улицата и ги попрскувале со непозната течност, за потоа да станат повеќе агресивн и  почнале физички да ги напаѓаат минувачите.

„ Како „Кинескињи“ беа ! Цели облечени во црно. Прскаа со вода од шишиња, трчаа по луѓето, викаа гласно… Урлаа. После како да правеа некој ритуали, нешто како да кажуваа молитви и прскаа со вода или некаква течност, не знаеме точно што беше“ – раскажува за „Охрид 1“ очевидец на настанот.

Друга Охриѓанка сведочи дека двете жени во сокачето покрај црквата ги нападнале со нешто како виљушка или џебно ноже.

„Бегавме околу 100 метри, додека со тоа ножето , нешто такво трчаа по нас.“ вели нашата сограѓанка.

Била повикана Полиција која излегла на терен и најпрво се обиделе да ги идентификуваат двете жени кои одбивале да соработуваат со полициските службеници и двете Корејки почнале физичка пресметка со Полицијата.

Полицајците биле принудени да применат одредена сила, да ги совладаат жените  и да ги стават во полициско комбе.

„После ко дојде Полиција, се фатија со нив. Нив ги напаѓаа, се фрлија да ги драпет, да ги гребат со нокти, таа едната како да почна да го гризи на полицаецот. Овие нашиве почнаа да се борат со нив. Буквално се полицајците се бореа со жените, едвај ги напикаа во комбето и го однесоа“ – раскажува очевидец од Охрид.

Неофицијално „Охрид 1“ дознаца дека се работело за мајка и ќерка, државјани на Јужна Кореа кои престојувале во Охрид, сместени во приватни апартмани на улица Партизанска.

Сомнежите се дека се работи за припаднички на одредена секта, кои вршеле одреден ритуал на сектата на улица.

Двете државјанки на Јужна Кореа ќе бидат екстрадирани по брза постапка надвор од Македонија.