АктуелноОхрид

(ФОТО) До лани спиеше во вреќа, годинава постави шатор, дали следната година ќе донесе камп приколка?

Шетачите по Кејот изненадени, но и вознемирени од шаторот поставен на самиот Кеј до Езерото. Имено сопствениците на објекти на Кејот велат дека лицето за кое тврдат дека е од Прилеп, секоја година летото го поминува на Кејот во Охрид и додаваат дека до лани истото спиело во вреќа во парковите, а годинава си поставило и шатор. Тие прашуваат како ниту една институција не реагира на ова и прашуваат дали следната година истото лице ќе донесе и камп приколка на Кејот и повторно никој нема да реагира?

Граѓаните коментираат дека вакво нешто може да помине не казнето само во Охрид и Македонија  и додаваат дека зошто вакво нешто неможе да се случи во некоја голема европска метропола?

извор: Охрид 1

фото: Читатели на Охрид 1