Учениците од четврто одделение од ООУ „Братство Единство“, ООУ „Кочо Рацин“ и ООУ „Григор Прличев“ денеска беа во посета на Општина Охрид.
Градоначалникот Кирил Пецаков, придружуван од претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски и раководителот на Одделението за инвестиции во образованието, Ердин Далип, ги прими младите гости во големата општинска сала и ги запозна со основните информации за начинот на функционирање на локалната самоуправа и ингеренциите на локалната власт.
Градоначалникот Пецаков со големо задоволство одвои време да одговори на низа љубопитни детски прашања од различни области на интерес.
Ученичките посети се дел од наставната програма по предметот Историја и општество.














