АктуелноОхрид

Жребката одлучи на ЕП да се сретнат Теа Донева и Андреа Нисева

Интересен момент на Европското првенство во борење до 17 години во Самоков, Бугарија, по денешното жребување во женско борење, македонска пресметка, но за две држави, меѓу Теа Донева (61 кг ) од Б.К. АЖДЕР Охрид и штипјанката Андреа Нисева која настапува за Бугарија.

Теа Донева е трикатен шампион на Македонија и е првата жена борач од Охрид, која е дел од првиот боречки клуб отворен во Охрид – Б.К. Аждер.

Фросина Атанасова силите ќе ги одмери со борачка од Азербејџан, а Садије Дура чека противничка во четвртфиналето.

Европско првенство У-17:

46 кг Фросина Атанасова – Нурај Јафарли (Азербејџан)
53 кг Садије Дура – Руслана Карапетијан (Молдавија)/ Шазел Аисиу (Франција) ¼ финале
61 кг Теа Донева – Андреа Нисева (Бугарија)