Градоначалникот на Бањалука Драшко Станивуковиќ бил нападнат за време на концерт во Бањалука, јавуваат локалните медиуми. Станивуковиќ потврди дека бил нападнат, но рече дека не знае кој бил мотивот за нападот.
Драшко Станивуковиќ, како што потврди за порталот mojabanjaluka.info, добил удар со бокс во пределот на вратот од девојка за време на концертот „Бајага и инструкторит“ на бањалучката тврдина Кастел. Видеото од нападот беше објавено и на социјалните мрежи.
Обезбедувањето на градоначалникот на Бања Лука брзо реагирало и го одвело девојчето од Станивуковиќ, а медиумите јавуваат дека е приведена во полиција.
https://www.youtube.com/watch?v=K69gmiYPol0