News1.mk

Гутереш: Вакцинацијата против Ковид-19 многу заостанува зад прогнозите на СЗО

Вакцинацијата на светското население против коронавирус драстично заостанува зад предвидените планови на Светската здравствена организација (СЗО), изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

– Минатата есен СЗО претстави стратегија за вакцинирање на 40 отсто од светското население до крајот на минатата година и 70 проценти до средината на 2022 година. Сега не сме ни блиску до постигнување на овие цели, истакна Гутереш.

Тој нагласи дека „ширењето на омикрон варијантата е мрачен потсетник дека борбата против коронавирусот мора да биде висок приоритет за светот“.

– Сите земји и производители треба да постават приоритет да се обезбеди испорака на вакцини за земјите во развој преку механизмот Ковакс и да го поддржат производството на тестови, вакцини и лекови од земјите кои имаат ресурси за тоа, додаде генералниот секретар на светската организација.

извор/фото: агенции