среда, ноември 13, 2024
News1.mk

Кризниот штаб во Полска поднесе оставка

Во Полска 13 од вкупно 17 члена на медицинскиот тим што го советуваа премиерот во однос на пандемијата на коронавирусот поднесоа оставка поради, како што самите навеле, недоволното влијание на науката врз политиката, објави денеска државната агенција ПАП.

„Разликата меѓу научниот и медицинскиот став и практиката стана особено очигледна во контекст на ограничените мерки во есенскиот бран на пандемијата, а потоа и по појавата на омикрон-варијантата и покрај огромниот број очекувани смртни случаи“, велат членовите на советот.

Иако има една од највисоките стапки на смртност во светот, Полска воведе поблаги мерки во последниот бран на пандемијата за разлика од многу други европски земји, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Важат правилата носење маски во затворени простории и ограничување на бројот на гости во баровите и рестораните.

Во Полска се вакцинирале 56,4 отсто од населението, што е под просекот на Европската Унија.

извор/фото: агенции