АктуелноОхрид

Внимателно на патот Кичево – Охрид: Автомобил излетал од коловозот, паднато дрво на патот

Вечерва на магистралниот пат Кичево – Охрид, на потегот помеѓу селата Ботун и Мешеишта, во близина на Климештани, автомобил излетал од коловозот.

 

Според информациите од наши читатели, на овој дел од патот има и паднато дрво, кое претставува дополнителна опасност за учесниците во сообраќајот.

Поради дождот, влажниот коловоз и намалената видливост во вечерните часови, се апелира до возачите да бидат особено внимателни.

 

Засега нема информации за евентуално повредени лица, ниту дали паднатото дрво е причина за излетувањето на автомобилот.