АктуелноОхрид

Не се откриени траги на насилство кај починатата поранешна вработена во СВР Охрид

Извршениот увид на лице место спроведен во координација со Јавен обвинител, а во присуство на медицински и полициски екипи, како и избршената обдукција покажале дека нема траги од насилство врз жената чие безживотно тело вчера беше откриено во стан во Охрид.

Секторот за внатрешни работи од Охрид денеска соопшти дека случајот би пријавен вчера во 15:45 часот дека во стан на улицата „Сирма Војвода“ била пронајдена починатата 42-годишна М.М.Ш. од Охрид.

Починатата е поранешна припадничка на полициската служба на која пред четири години и бил прекинат работниот однос поради објавување недолични содржини преку социјалните мрежи.