News1.mk

Стигна маслото од Србија, од утре во продажба

Попладнево во земјава влегле 48.000 шишиња масло за јадење од Србија, а уште толку се најавени за текот на утрешниот ден. На малопродажните рафтови се очекува да се најдат веќе од утре.

Забраната за извоз на нерафинирано масло од Србија сè уште е на сила и засега нема информација кога ќе биде симната, иако се очекува во најскоро време.

Домашните производители, во меѓувреме, набавуваат суровини од други земји и со повисоки цени, па затоа и предупредуваат на можноста од поскапување на маслото за јадење во малопродажбата.

Освен 96.000 шишиња со масло за јадење од Србија, од кои пола пристигнаа, а пола се очекуваат, договорени се уште два милиона литри чиј начин и рок на испорака ќе бидат дополнително прецизирани.