АктуелноВидеоОхрид

(ВИДЕО) Во организација на Општина Охрид – Ифтарска вечера, се обрати градоначалникот

Во организација на Општина Охрид вечерва во хотел Мизо има ифтарска вечера. Пред присутните се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.

„Вечерва, организирав ифтарска вечер за граѓаните од исламска вероисповед. Оваа вечер ја организираме во духот на меѓусебното разбирање, почитување, толеранција и соживот.
👉 Ифтарската вечер се организира традиционално години наназад, со цел да ги зајакне односите помеѓу охриѓани и да испрати порака за хуманост и солидарност“, вели градоначалникот Пецаков.