МагазинПоследни Вести

(ФОТО) Гоце и Кирил, легендарните ликови од македонските народни приказни заедно уживаа во парк

Гоце Тодоровски и Кирил Андоновски повторно се дружеа, но овој пат не на сетот на снимањето на нова македонска народна приказна, туку во скопскиот парк.

Легендарните македонски актери уживаа под топлите сончеви зраци и разговараа на клупа. Фотографија од нивната средба сподели Горан Марковски, администратор на Facebook фан страница за нивниот покоен колега Ѓорги Колозов.

„Ех Кире, Кире – поминавме сито и решето заедно! Небројана минутажа пред камера, безброј улоги заедно на сцената, повеќето колеги ни заминаа, останавме уште ние – со носталгија да се потсетуваме на убавите минати дни!“ – му рекол Гоце на Кире.

 

 

фото ФБ