Со утринска богослужба во црквата посветена на Светите бесребреници и чудотворци Кузман и Дамјан во село Враништа, денеска беше одбележан празникот посветен на овие големи светители на Православната црква.

Во духот на православната традиција, за време на богослужбата беше извршено осветување на вода, а беше одржан и обредот на кревање на празничниот леб, како дел од вековните христијански обичаи поврзани со празнувањето на светителите.

Својот празничен проповед го одржа отец Ѓорѓи Наумоски, кој се осврна на духовното значење на празникот, христијанските добродетели и примерот на Светите Кузман и Дамјан, кои со својата вера, љубов и несебично помагање на луѓето останале симбол на милосрдието и пожртвуваноста.

Светите Кузман и Дамјан во христијанската традиција се почитуваат како бесребреници, бидејќи лекувале болни и им помагале на луѓето без да бараат материјална награда.

Празнувањето во Враништа уште еднаш ја потврди важноста на црковната традиција и духовното поврзување на верниците со празниците и светителите кои со векови заземаат посебно место во православната вера.




















