UncategorizedАктуелноОхрид

Граѓаните бараат успорувачи на брзина на булеварот Св. Наум Охридски кај Рача, дали надлежните ќе одобрат?

Граѓаните се погласни, бараат успорувачи на брзина или познати како „легнати полицајци“ кај Рача. Велат: „Ова не се издржува.  На оваа собраќајница буквално како да се „лета“, а станува збор за населено место, каде брзината е ограничена“.

Тие од врата до врата кај надлежните институции бараат што поскоро да се изнајде речение за оваа прометна сообраќајница.

Портпаролот на СВР Охрид, Стафан Димоски за Охрид 1 вели дека се сложува со нив и дека успорувачите на брзина се наједноставно, но и најдобро решение за оваа сообраќајница.

  • Овие успорувачи значително влијаат на безбедноста во сообраќајот. Се покажа дека и во светот, но и кај нас, успорувачите на брзина се решение за вакви сообраќајници, вели Димоски за Охрид 1.

Неофицијално дознаваме дека и началникот на СВР се сложува и дава согласнот за вакво решение, а и од локалната самоуправа даваат „амин“ за да се успори брзината на оваа сообраќајница.

Инаку сообраќајната инфраструктура во Охрид е под надлежност на фондот за сообраќај и патишта под Општина Охрид, освен  булеварот Св. Наум Охридски и Туристичка, кои се под надлежност на ЈП државни патишта. Ова значи дека и покрај аминот од локлната сепак крајниот збор треба да го даде ЈП за државни патишта. Во меѓу време надлежните се во комуникација за што поскоро решавање на овој проблем. А што ќе одлучат останува да видиме.

Поврзани вести …

Сообраќајна незгода кај Рача – автомобил излетал од патот, повредени четири лица

(ФОТО) Уште една несреќа на булеварот Св. Наум Охридски кај Рача

(ФОТО) И попладнево сообраќајна несреќа кај Рача

(ФОТО) Сообраќајна несреќа кај Рача

Сообраќајна несреќа кај Рача, се судрија два охридски автомобили

https://ohrid1.com/archives/73320