На 05.07.2023 година во 20.30 часот, на регионалниот пат Св. Наум – Охрид кај населбата Рача, патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки управувано од 26 годишен Скопјанец излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатници 25 и 23 годишни жители од селото Пешатни, охридско, а со телесни повреди се здобил возачот и уште еден сопатник 26 годишен жител од Пештани, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.
извор: СВР Охрид