Наш изборНаш ИзборОхрид

Преглед на активности на оперативните служби на ЈП Охридски Комуналец

Се уредува кружниот тек на ул.,,Марко Цепенков” каде хортикултурната содржина се оплеменува со декоративен камен
🧹Темелно се чистат тротоарите од наноси од земја, песок и ниска вегетација во селата Велгошти и Подмоље и тротоарот покрај магистрален пат Охрид-Свети Наум, потег Хидробиолошки завод до с.Рача
❄Заради поголема безбедност на сообраќајот, секое утро се посипува со абразивни средства дел од ул.,,Кирил и Методиј”, каде заради специфичноста на теренот се појавува голомразица
🧹Интензивно се метат коловозите од главните сообраќајници од абразивни средства
🌳Тековно се одржува просторот околу засадените дрвја од дрворедот по ул.,,Македонски Просветители”
🌏Секојдневно се спроведуваат активности за чист град со уредени зелени површини: градски кеј и парк, Сараиште, ул.,,Булевар Туристичка”, приградски населби и др. локации