АктуелноОхрид

(ФОТО) Сообраќајна несреќа кај Рача

Ссобраќајна несреќа предмалку на булеварот Св. Наум Охридски. Дознаваме дека во истата учествувале два автомобили, а еден од нив завршил и во столб од уличното осветлување.

Оваа несреќа е кој знае која по ред на овај булевар. Охриѓани оваа делница не често ја нарекуваат булевар на „смртта“, затоа што има однесено десетици жртви. Овој патен правец е редовно во полицискиот билтен поради случени трагедии.

Возачите често се во заблуда мислејќи дека возат по автопат па ја прекорачуваат дозволената брзина, но  станува збор за булевар и населено место, каде ограничувањето на брзината е 60 километри на час.

 

Граѓаните прашуваат зошто конечно некој не разбере дека тука треба да има успорувачи на брзина за да се запрат трагедиите кои се случуваат со години.

Извор:Охрид 1