АктуелноВидеаВидеоНаш изборНаш ИзборОхрид

Пристаништето во Охрид не може да ги прими сите бродови

Всидрени еден покрај друг, во два реда од лево и десно, и во два реда од напред и назад, четирите најголеми пловила на Охридско Езеро стојат „настегани“ на пристаништето во Охрид, а туристите за да стигнат до двата брода кои се прилепени до другите два треба да поминуваат низ дргуот брод, ( со кој не се превезуваат ) па дури по тоа од тој брод да се префрлаат на другиот со кој ќе пловат.

Ова пристаниште е изградено уште во време на Османското Царство, а потоа е проширувано во време на Кралството Србија, и уште еднаш во времето на СФРЈ.

Уште полоша е ситуацијата со пристаништето во Свети Наум. Таму проблемо е уште поголем бидејќи бродовите не може да застанат ни еден покрај друг, па така додека еден брод истовара или товара патници, другитете стојат во езерото и чекаат дозвола да влезат во пристаништето.

И додека Охрид остварува најдобри резултати во туризмот кои не се паметат со децении, градот седум години живее во своевидно инвестициско ембарго , кое е предизвикано заради опасност од бришење на градот и езерото од списокот на светко наследство заштитено од УНЕСКО.

Во меѓувреме во водите на езерото на Албанска страна, цвета инвестициски бум, се градат платформи и патеки во водите на езерото, се градат хотели и ресторани, а нивната јавност ни чула ни видела збор за опасност од бришење на нивниот дел на езерото од списокот на УНЕСКО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО/ФОТО) Албанија гради платформи, пешачки патеки, тобогани во езеро, и никој не го доведува УНЕСКО статусот во прашање

Владината УНЕСКО комисија го штити бекатонот на плоштадот кај чинарот ?!

Зошто Владината УНЕСКО комисија ја блокира градба на катна гаража во Охрид ? !