АктуелноОхрид

Приведен Скопјанец кој на улицата „Партизанска“ агресивно се однесувал кон минувачите

На 08.07.2023 година во 23.35 часот во СВР Охрид приведен е 31 годишен жител од Скопје кој претходно, на улицата „Партизанска“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон минувачи. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид