АктуелноОхрид

Тепачка на плажа во Охрид

На 08.07.2023 година околу 14.20 часот, на плажа на брегот на Охридското Езеро, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 45 годишен маж од една и уште три лица од друга страна, сите од Охрид. Во врска со случајот, при претрес, извршен по судска наредба во домот на 45 годишниот маж од Охрид, полициските службеници од одделението за борба против дрога и оружје пронајдоа и одзедоа една ловна пушка „Маверик“ калибар 12 милиметри и 59 куршуми различен калибар. По целосно расчистување на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид