АктуелноОхрид

(ФОТО) Почнаа маките за жителите од стариот дел на Охрид, како да се помине?

Жителите од Стариот дел на Охрид неможат да стигнат ни до своите домови од паркирани автомобили. Очигледно гостите сакајќи да избегнат плаќање на паркинг изнајдоја начин да ги остават своите автомобили во стариот дел, но притоа воопшто не внимаваат дали некој ќе може да помине.Револтираните жителите од Масокастро кои ја испратија фотографијата во нашата редакција прашуваат: Дали овие кои паркирале без разлика дали се сместени во вилите во овој дел од Охрид, или едноставно паркирале па излегле, размислиле како на оваа улица да помине брза помош или противпожарно возило?