На влезот во Охрид уште сега, кога сезонските гужви практично не се ни почнати во колони трпеливо ( како што ги повика Жаклина Лазареска ) стојат или полека се движат разни возила и механизација и чекаат да дојде Петровден за да се отвори патот кон Охрид.
Автобуси со туристи, комбиња, камиони, трактори, булдожери и автомобили ТРПЕЛИВО во колони „ползат“ кон Охрид и бројат денови до Петровден, за кога пратеничката Жаклина Лазареска најави дека ќе е патот готов , напавен квалитетно и предаден во употреба.
Од како утрово ова го објавивме граѓаните како да се потсмеваат со оваа најава или како да не веруваат во неа, па останува и јавноста да почека до Петровден, па да видиме дали ова е вистинска проценка или само „Пиар трик“ на партиските „пиар “ кадри ангажирани во Охрид.
СЛИЧНО ВИДЕО ОД НАШАТА АРХИВА
https://www.youtube.com/watch?v=pffPYuzSc3w&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fohrid1.com%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title