Uncategorized

Известување за инфо ден од областа на културата

Општина Охрид ги известува сите заинтересирани физички лица, здруженија, установи и други субјекти дека на 24 ноември 2026 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид ќе се одржи Инфо ден посветен на објавените конкурси од областа на културата.

На средбата присутните ќе имаат можност да се запознаат со условите, критериумите и постапката за аплицирање, како и да добијат одговори на прашањата поврзани со подготовката и поднесувањето на апликациите.

Конкурсите се достапни на официјалната веб-страница на Општина Охрид.

Ги покануваме сите заинтересирани да присуствуваат и активно да се вклучат во дискусијата.