АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Жаклина Лазареска: На Петровден ќе биде отворен влезот во Охрид, само бидете трпеливи

Од како јавноста скоро една седмица негодува, туристичкиот бизнис стравува од губење на договорите со странските туроператори и плаќање пенали, а граѓаните по социјалните мрежи „играат мајтап“ со тврдењето дека влезот во Охрид ќе бил готов за 45 дена, конечно стигна коментар и од некој од СДСМ.

Пратениќката од Охрид , Жаклина Лазареска сега вели дека патот ќе бил готов до Петровден, и вели дека граѓаните ќе треба да бидат трпеливи.

Постот на Лазаревска го пренесуваме во целост:

Ако сакаме тоа да се направи така мора да имаме малку трпение и да дозволиме изведувачите на тоа поврзување да го прават НЕПРЕЧЕНО, СТРУЧНО , КВАЛИТЕТНО но и БРЗО како би можело за Петровден, односно отворањето на Охридско лето кога и официјално започнува туристичката сезона истиот тој да биде ПУШТЕН во УПОТРЕБА.

Да не дозволиме да се случи како ланската сезона кога во шпиц на туристичката сезона Центарот на Охрид, улицата Македонски Просветители беше целисно раскопана, недовршена и во прашина.
Што се однесува до алтернативното пренасочување на сообраќајот од Подмоље до Охрид по стариот пат ⁉️
Патот е во добра кондиција, реконструиран пред неколку години со пари на ЈПДП односно државата и овозможува непреченост и безбедност во сообраќајот. Дали од Подмоље до Охрид ќе се вози 5 или 10 минути повеќе важно е да биде безбедно и по пристоен пат на кој асфалтот е нов и нема никакви оштетувања.
ВАЖЕН МОМЕНТ❗️❗️❗️
Пред 2 години исто така беше направен современ влез од другата страна , на влезот од Лескоец за Охрид на улицата 15 Корпус со средства на централната власт и општина тогаш предводена од градоначалникот од СДСМ.
Влезовите во Охрид МОРА да бидат онака како што доликува за еден важен туристички центар, бисер на Балканот.
Владата предводена од СДСМ била и ќе биде НАЈГОЛЕМИОТ финансиер за развој на општина Охрид ❗️

 

Жаклина Лазаревска , пратеник од СДСМ