недела, ноември 17, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) ЈП ВОДОВОД Охрид започна со изведба на нова водоводна линија на улицата „Македонски Просветители“, на потегот од ЕВН до крстосницата со улицата „Абас Емин“ кај пожарна

Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите и решавање на долгогодишниот проблем на овој дел од градот, за кој беше ветено и во програмата на градоначалникот Кирил Пецаков, се заменува стариот и дотраен салонитен цевковод со профил ф100 мм, и се поставува нов цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф 160 мм во должина од 325 метри.
Покрај поставување на новата линија, приклучени се и сите објекти од околината во истата, а воедно заменет е со нов и главниот вентил со профил ф 200 мм.
Средствата во вредност од 5 860 762 денари за реализација на проектот, се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа на Општина Охрид .