Наш изборНаш ИзборОхрид

Со Празнична вечерна богослужба денес започнуваат честувањата на Светиот Еразмо Охридски Чудотворец

Македонската православна црква Охридска Архиепискоија, односно Дебарско-кичевската епархија Охрид, ги известува сите верни чеда дека за време на престојниот празник на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски Чудотворец ќе има богослужби во манастирот посветен на овој голем светител и тоа:

На 14 јуни во 19 часот ќе биде отслужена Празнична вечерна богослужба.

На 15 јуни во 7.45часот ќе започне Утрената богослужба ,а пречекот на Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски  и  АдминистраторАвстралиско-сиднејски ќе биде во 9 часот . Света Архиерејска литургија ќе започне во 9.15 чаот.

Имајќи предвид дека регуларниот пат од Охрид до манастирот Св.Еразмо Охридски моментално е во прекин поради изведување градежни работи на истиот, а во консултација со надлежните служби, Ве известуваме дека приодот до манастирот оваа година ќе се одвива по стариот пат за Струга преку подмоље па кон манастирот . Се надеваме на Ваше разбирање и Ве повикуваме за молитвено присуство на богослужбите по повод прославата на нашиот голем заштитник, истакнуваат во соопштението од Дебарско-кичевската епархија.