ИЦС Стесми фирмата која е задолжена за јавното осветлување во Охрид, се секојдневно се на терен и редовно ја вршат својата обврска околу сервисирање на уличното осветлување. Овој пат
не станува збор за сервисирање, туку се фарбаат уличните столбови.
Директорот Гоце Митрески за Охрид 1 вели дека секоја година фарбаме по неколку улици.
„Оваа година во план ни се да исфарбаме од 250 до 300 столбови на Туристичка, Марко Цепенков и дел од Асном и Димитар Влахов“, вели Митрески за Охрид1.
Видео: Охрид 1