На 13.11.2026 година во 22.05 часот на улица „Мислешевски пат“ во Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишија од слобода лице на (40) од Охрид.
При контрола и преглед во паркиран автомобил „цитроен“, во кој бил, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа пакување со бела прашкаста материја.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.














