Покрај премиерот Ковачевски присутни ќе бидат и првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.
Инвестицијата изнесува 598 милиони евра, а според последните официјални информации вкупниот прогрес на градежните работи изнесува над 72 проценти.