недела, ноември 17, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхридСоцијални Мрежи

(ФОТО) Хотел Палас во 1966 – кога бил поим за хотел и развој

Фотографија од хотелот „Палас“ направена во 1966 кружи по ФБ и ги буди спомените на оние кои таму работеле, престојувале како гости, спиеле во хотелот како туристи. Хотелот блескал, бил изграден по сите стандарди за градски хотел ( кои денес практично ги нема ) и во тоа време бил голема инвестиција која е незамислива ни за ова време сега.

„Палас“ е затворен скоро 20 години, и од симбоил на просперитетот сега стана симбол на пропаста, па новите генерации родени во Охрид и оние кои тука доаѓаат скоро и да не знаат дека некогаш постоел овој хотел, кој полека со децениите кои минуваат се бриши и од меморијата на луѓето.